Сајтот „Forummapping“ ја прашал вештачката интелигенција кои би биле алтернативните имиња на европските земји, а меѓу најинтересните одговори беа Словачка која вештачката интелигенција ја препозна како Горна Унгарија и Украина која е „крстена“ со името на Киевска Русија, додека Русија е наречена Московија.
Повеќето други земји добија име што одговара на нивното историско наследство или географска локација, а меѓу другото, Бугарија е наречена Тракија, Србија го доби името Рашка, Македонија Вардар, Црна Гора Зета, Хрватска Далмација, Унгарија Панонија, а Австрија Данубија, односно Дунавија.
Имињата можат да предизвикаат бројни полемики, а една од најинтересните секако ја предизвика контроверзното име за Словачка која е наречена Горна Унгарија, додека Унгарија во овој случај стана Панонија.
Некои од државите се именувани по имињата на нивниот мајчин јазик, Норвешка е Норге, Грција е Хелада и Финска е Суоми.
Интересно е што вештачката интелигенција не го препознала Косово, и иако ја одвои покраината на картата, не е дадено алтернативно име.