Насловна / Архитектура / Вештачка интелигенција во улога на архитект: Како би изгледале познати згради кога би ја прашале АИ

Вештачка интелигенција во улога на архитект: Како би изгледале познати згради кога би ја прашале АИ

Тим експерти за недвижности од британската GetAgent, претстави серија рендери кои нудат увид во некои од најпознатите светски објекти „редизајнирани“ во низа различни стилови.

4

Серијалот, кој содржи петнаесет визуелизации создадени со помош на вештачка интелигенција (АИ), поточно алатката Midjourney, овозможува поглед на тоа како би можеле да изгледаат сите овие објекти доколку се изградени во друга ера и друг архитектонски стил.

2

Меѓу објектите кои добиле нов фиктивен изглед се нашле операта во Сиднеј, обликувана во стилот на Тудор, како и Партенон во Баухаус, додека Саграда Фамилија е изведена во современ стил, а Таџ Махал во готски стил!

Со помош на алатката Midjourney, која е способна да генерира слики врз основа на збир на параметри, се добиени овие хибридни дела.

1

Испитување на границите на архитектурата

Идејата била да се предизвикаат конвенционалните начини на размислување за архитектурата и да се истражат можностите што се појавуваат кога се комбинираат различни стилови и пристапи кон дизајнот со помош на АИ.

3

Бесплатна алатка за комбинирање дизајни

И додека од една страна е тврдењето дека таквите визуелизации, генерирани од вештачка интелигенција, се чисто шпекулативни и немаат примена во реалниот свет, проектот на GetAgent сепак се чини дека го демонстрира потенцијалот на „подпомогнат“ дизајн да ги помести границите на она што се смета за изводливо во архитектурата.

Ако ништо друго, алатка како Midjourney може да им помогне на архитектите да спроведат итеративно истражување на различни дизајнерски концепти. И тоа е потполно бесплатно.

Испрати коментар

Scroll To Top