Насловна / Вести / Вештачка интелигенција во Deutsche Bahn

Вештачка интелигенција во Deutsche Bahn

Германскиот државен железнички оператор Deutsche Bahn (DB), има намера да користи вештачка интелигенција (AI) во товарниот сообраќај.  Затоа, системите кои треба да дадат информации за одредена локација ќе бидат поставени на инфраструктурата, со цел возовите да може да се снимаат од неколку агли, за потоа да се скенираат со помош на софтвер. Апликацијата овозможува откривање на оштетувања на возовите во рана фаза. Исто така, вештачката интелигенција помага товарните вагони поефикасно и побрзо да се поправаат. Индустриските суровини, како старото железо може побрзо да се препознаат и селектираат како резултат на овие новини.

db1

Првиот ваков систем е веќе во тест фаза во Нирнберг, уште од 2017 година. Таму во ммоментот има 13 системи, како и на седум други локации на компанијата DB Cargo во Германија. Во DB истакнуваат дека се снимаат околу 300.000 фотографии за време на речиси 10.000 рути кои сообраќаат на дневна основа. Тие потоа се анализираат од софтверот за вештачка интелигенција. Меѓу останатото, фотографиите пружаат информации и за состојбата со системите за кочење на возовите.

Berlin Spandau Bahnhof Spandau Berlin *** Berlin Spandau Station Spandau Berlin

Испрати коментар

Scroll To Top