Американската национална лабораторија „Беркли“ која работи при Департментот за енергетика (Department of Energy – DOE), се приближува кон остварувањето на својата намера со помош на т.н вештачка фотосинтеза од јаглерод диоксидот во атмосферата произведува чиста енергија. Со оваа енергија би с енапојувале и домаќинствата и возилата. Доколку процесот се подигне на повисоко ниво во однос на теоретскиот модел и лабораторискиот прототип, би претставувала значајно средство во борбата со климатските промени. Имајќи ја во предвид неопходноста од намалување на разорното влијание на човештвото врз животната средина, истражувачите одлучиле да го „копираат“ принципот на работа на најелегантните и најефикасните машини во природата – растенијата.