Ако сте биле во Барселона, сигурно сте ја доживеале живописноста и големината на нејзината архитектура. Впрочем, карактеристичните архитектонски дела на Гауди тешко може да се пропуштат. Овој домашен ентериер во Барселона со своите живописни бои потсетува на градот во којшто се наоѓа. Истакнатите шарени бои и разиграност го изразуваат каталонскиот регион. Внатрешноста на овој дом е едноставна и прекрасно хаотична во исто време.