Насловна / Вести / Весел ресторан инспириран од плажа, море и зајдисонце

Весел ресторан инспириран од плажа, море и зајдисонце

Ресторанот Baovan во Валенсија е место инспирирано од сурфањето и истражувачкиот начин на живот.

1 (1)

Станува збор за забавно места каде што може да се помине целиот ден. Сопствениците со години живееле и патувале низ Африка, Азија и Америка и духот на авантурата и желбата за истражување на нови места се прикажани во секој агол од ресторанот. Сето ова е истовремено во согласност со духот и личноста на брендот кој е поврзан со морето и чиј слоган е: пиво, плажа и баос.

5 (1)

Целта на проектантите од бирото Slap Studio кои работеле на овој весел проект била да ги поврзат корисниците со плажата од каде што ќе можат да го гледаат зајдисонцето и да уживаат во добра храна. За да се постигне ова, просторот е поделен на три различни области кои посетителите ги откриваат при влегувањето.

4 (1)

Од надворешната страна се наоѓа областа Шума, односно трем полн со јажиња кои паѓаат од таванот и претставуваат густа вегетација. Кога гостинот ќе ја премине шумата, ја открива плажата и нејзиното зајдисонце. Дисплејот во форма на полумесечина го привлекува вниманието на посетителите и има моќ да ги реконструира боите на зајдисонцето и е програмиран да одговара на времетраењето на нарачаната вечера.

8 (1)

3 (1)

Внатрешноста на ресторанот покажува постојана дуалност на бои што гостите ги вовлекува во вода, но и ги исфрла од неа. На таванот има прекривка од облаци што внесува волшебна атмосфера во внатрешноста рефлектирајќи ја светлината на зајдисонцето кое е во постојано движење.

9 (1) 6 (1)

Интересно е да се спомене дека ресторанот крие уште една област, односно резервиран простор за 10 луѓе каде може да се вечера на месечева светлина. Кружни и полумесечни форми се повторуваат низ просторот, а се инспирирани се од обликот на бао лебот.

7 (1)

Од прозорците што го поврзуваат екстериерот со ентериерот, преку светлечката инсталација, па сè до специјално дизајнираните столчиња за ресторанот – овде сè е подредено на формата на отворениот бао леб. Сето ова е доказ дека убавината и специфичноста на некое место секогаш се кријат во внимателно дизајнираните детали.

2 (1)

 

Испрати коментар

Scroll To Top