Погледнете го овој разигран и комфорен дом кој има влијанија од модернистичкиот минимализам и скандинавскиот органски дизајн. Овој дом е визуелизиран од страна на Јан Вадим и реализиран од талентираните архитекти од студиото PLASTERLINA.
Во овој простор се употребени мат нијанси на розова и зелена, како детали кои создаваат сигурен начин на разубавување на просторот и давање акцент на едноставните и значајни нешта во него.
Овој ентериер може да ве натера да ги употребувате вашите омилени бои, иако тие не се дел од традиционалниот дизајн на ентериери.
Дневната соба се карактеризира со отворен простран простор и топли дрвени ѕидови, а промената на материјалите тука претставува и граница со која се дефинира еден одреден простор.
Во дневната соба, покрај стандардната сивкаста нијанса и дрвена текстура, постојат неколку зелени и розови детали кои го разигруваат просторот.
Кујната, исто така е во зеленкаста мат нијанса, но со употреба на белата боја, на нејзините ѕидови, под и плафон, како и шанкот, се дава визуелно проширување на просторот и тој изгледа многу поголем отколку што навистина е.