Благодарение на богатото искуство во проектирањето на угостителски и хотелски објкети, глобалното архитектонско студио OBMI, проекриташе нов тип на луксузно вертикално одморалиште, наречено Aera. Во лабораторијата за иновации на ова студио, проектантите осмислиле одморалиште во срцето на урбано подрачје, донесувајќи атмосфера на одмарање на плажа покрај звикот на брановите. Нивниот предлог го реорганизира пространиот крајолик во органска кула со наредени микро пејсажи. Проектантите напоменуваат дека моделот Aera Vertical Resort, е прв ваков проект за градовите. Предвиден е како уточиште во природата, кое се сместува во било кој урбан центар. Сложената организација го намалува јаглеродниот отпечаток на типично одморалиште кое инаку би го нарушило недопреното природно опкружување. Така на посетителите им се нуди атмосфера на велнес, интимен пристап до дивата оаза без издвојување на многу време за патување.
Студиото истакнува дека користењето на вертикалната архитектура го минимизира јаглеродниот отпечаток во областите каде земјиштето е драгоцено по вредност и достапност. Со ваков дизајн, се намалува влијанието врз животната средина и се поттикнуваат домашните патувања. Со својот концепт Aera Vertical Resort, OBMI ја истражува порозноста во дизајнот, отворајќи простори во склоп на конструкциската мрежа на типична хотелска кула. Со стратегијата на резбарење, подобрена е врската помеѓу ентериерот и екстериерот на зградите и околниот урбан контекст, создавајќи единствено просторно опкружување. Проектантскиот тим верува дека Aera ќе биде интересна како за домашните така и за странските гости. Моделот вклучува ресторани, уметност, мода, градина и велнес. Проектантите велат дека одморалиштето служи како бегство внатре во градот, а патеките за прошетка се заокружени со зеленило овозможувајќи вистинско чувство на исклученост од стресот и предизвиците на метрополата.