Стручното жири на осмиот по ред фестивал за архитектура, кој се одржа во Сингапур, го прогласи проектот Vertical Villige во Сингапур, дизајниран од Office for Metropolitan Architecture (ОМА) / Buro Ole Scheeren, за објект на годината.
Директорот на фестивалот Paul Finch, изјави дека проектот за колективно домување претставува современ начин на размислување и воедно алтернативен начин на развој на кулите како кластери.
Објектот се состои од триесет и еден резиденцијален блок, распоредени во висина од шест ката, а во програмата се додадени содржини како базен, тениски игралишта, градини и кровни тераси.