Насловна / Вести / Versace мебел инспириран од 90-тите

Versace мебел инспириран од 90-тите

Линијата Versace Home Collection дебитираше на FuoriSalone во Милано, а куратори беа, дизајнерката на ентериери Sasha Bikoff и уметникот Andy Dixon. Инспирирани од поп култура, митологија, палми и ненон бои на вилата на Gianni Versace во Мајами, оваа колекција се состои пет различни групи мебел: Pop Medusa, Medusa, Jungle, Rhapsody и Logomania.

соба2_resize

Претставена на специјална изложба во вилата на Versace во улицата Via Gesu, позната по бутиците за машка гардероба, оваа колекција е полна со одважни форми, јарки бои, дезени кои се спротиставуваат едни на други, светликави материјали. Вкупниот ефект, како што е обично случај со брендот Versace, е интригантен и става до знаење, дека сакале ние тое или не, деведесетите се повторно на сцена.

соба_resize

Bikoff вели дека линијата е инспирирана од рекламната кампања на Versace за есен/зима 1994, која ја снимал Riсhard Avedon, а која била со пастелни бои и иконските модели на деведесетите – Кристи Тарлингтон, Синди Крафорд, Клаудија Шифер и Стефани Симур.

соба1_resize

„Сакав да ја претставам врската меѓу модата и ентериерот: атмосферата и просториите имаат моќ да инспирираат емоции, да не наведат да почувствуваме нешто, токму како модата. Просторот кој сакав да го креирам, би требало да ве направи среќни и моќни“, изјавила Bikoff.

медуза3_resize

Дел од изложбата биле и парчиња кои ги потпишува канадскиот уметник Andy Dixon, кој лично ги насликал кошулите Versaсe, предимензионирани со дезени, кои ги креирал во соработка со Donatelа. Тој е познат по „креирање слоеви на историски референци, со современи општествени коментари“. Dixon често прави споредби меѓу неговите дела и парчињата кои ги потпишува Versaсe, кои спојуваат поп култура и уметност, газејќи безгрижно по линијата која ги дели префинетоста и кичот.

медуза2_resize медуза1_resize

Парчињата мебел одат од луксузни верзии на мебел за дворови, до скулптурални фотелји со лицето на Медуза. Pop Medusa ја пренесува темата на колекцијата во водоотпорни столици и стаклени коцки кои служат како масички. Rhapsody линијата е со живи, баркни дезени, а Logomania е токму она на што асоцира.

трпеза_resize

Jungle парчињата се прв исчекор на брендот Versace во мебел за екстериер, со тропски дезени кои се референца на славниот фустан кој го носела Џенифер Лопез во 2000. година.

надвор_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top