Скулптуралната софа Cloverleaf, што првобитно ја дизајнирал Вернер Пантон во 1969 година, сега е достапна во две нови верзии.
Дизајнот на софата наликува на заоблен облик на лист од детелина, а благодарение на флексибилните модули, корисникот може да го прилагоди предметот креирајќи сопствен дизајн.
Две нови варијации се погодни и за ентериери и за екстериери. Верзијата на софата за екстериери е изработена од 100 отсто полиетиленска пластика што може да се рециклира, погодна е и за надворешни средини и за внатрешни простори кои имаат голем промет или бараат издржлив материјал. Verpan напоменува дека моделот Cloverleaf е едно од ремек-делата на Вернер Пантон што може да стане главен акцент на секој ентериер.
Стандардната верзија на софата има дрвена рамка и текстилен тапацир, за кој брендот нуди широк спектар на бои. Verpan препорачува јаки бои за атрактивен ефект или загасити за декорирање елегантни ентериери.
Компанијата Verpan е основана во 2003 година за да го продолжи наследството на Пантон со производство на неговиот мебел и осветлување.