Станува збор за пет куќи, поставени една до друга, кои ја користат природната топографија на теренот барајќи ги совршените погледи.
Локацијата е во Кордоба, Аргентина, во планински предел во непосредна околина на езерото San Roque. Едноставноста и материјалната синтеза се темел на овој проект. Објектите се карактеризираат со едноставни волумени кои предизвикуваат игра на сенки, потоа големи прозорски отвори и минимално внесување на бујна вегетација во околината.
Хетерогеноста на формата и хомогеноста на материјалот предизвикуваат да се создадат вили со сопствен идентитет, а нивниот модуларен систем овозможува да се внесе обемна програма, која ја дели секоја вила на два дела: јавен и приватен дел.
Самиот проект претставува обид да се создаде урбан мини-град во планинска околина, кој ќе се приспособи на теренот и ќе го искористи прекрасниот пејзаж што го нуди локацијата.