Вечерва во Белград, во Галеријата Ремонт се отвора изложбата “From Diaspora to Diversities”. На изложбата ќе бидат претставени делата на уметниците, Верица Ковачевска, diStruktura, Мирко Николиќ и Рајко Радовановиќ. Куратор на изложбата е Мирослав Канц.
Изложбата отвора прашања поврзани со комплексниот процес на имиграцијата, како и начинот на кој уметниците од дијаспората работат во новата или привремената средина.
Верица Ковачевска, која пред некоја година имаше изложба и во Скопје, живее и твори во Шајцарија. На изложбата во белград ќе учествува со делата Future Nomads (2013), Master Plan (children’s edition) (2014), i Winterthur 2041 (2014), кои обработуваат теми поврзани со градот, како гентификацијата, улогата на децата во урбанистичкото планирање на градот и одржливост во идниот развој на градот.
Проектот “From Diaspora to Diversities” е реализиран во соработка меѓу галеријата Ремонт(Белград), Европски културен центар Esperanca (Скопје), Kunst Ost (Грац) и Институтот за современа уметност од Загреб.
Изложбата ќе биде отворена до 23 септември.