Најголемата австриска енергетска компанија Verbund ја продава својата ветерна централа на бугарскиот брег на Црното Mоре. Како што се дознава, купувач е бугарската финансиска компанија Иновент Холдинг. Не се објавени детали во врска со вредноста на оваа зделка која ќе биде завршена до крајот на 2014.
Централата има моќност од 16 MW и произведува енергија за 14.000 домаќинства. Како што наведува Verbund, овој потег е дел од стратегијата за фокусирање на пазарите во Австрија и Германија, па затоа се напушта Бугарија. Слично повлекување се очекува и во Франција и Италија, јавува бугарскиот весник „Новините“.