Насловна / Архитектура / Венецијанското архитектонско биенале почнува денес

Венецијанското архитектонско биенале почнува денес

Во пресрет на денешното отваеање на Венецијанското архитектонско биенале, уредникот на рубриката за архитектура на Dezeen, Jessica Mairs дава преглед на некои од темите кои веројатно ќе доминираат во разговороите, од иднината на социјалното домување до cruising културата.

Ирските архитекти Yvonne Farrell и Shelley McNamara, основачи на бирото Grafton Architects од Даблин, кустоси се на 16-тото Биенале на архитектура во Венеција, кое за јавност се отвара од денес, 26 мај до 25 ноември 2018 година, ја одбраа темата Freespace .

0venezia

Целта им е со оваа тема да ги охрабрат архитектите да истражуваат како „великодушноста на духот и чувството за хуманост“ може да придонесе за изграденото опкружување. „Ние ја гледаме архитектурата како пренесување на потребите во најшироко значење во смислен простор“ велат кураторките и додаваат „Се надевеаме дека зборот Freespace ќе допушти да нурнеме во тежнеењето, амбицијата и великодушноста на архитектурата“.

Темата обемно ќе биде истражена во рамки на главната изложба која бирото Grafton ја уреди на главните места на биеналето – Арсенал и Ѓардини. Исто така ќе биде допрена од секој од 63 -те овогодинешни нацинални павилјони, пружајќи можност за низа различни толкувања.

Еве поглед на некои теми за кои се очекува да предизвикаат најголемо внимание.

Лекции од социјално домување

Масовното домување секогаш е главна тема на разговорите на Биеналето, но оваа година особено ќе осветли важни примери од минатото и ќе праша што можеме од нив да научиме.

1robinhud

Robin Hood Gardens

Рушењето на еден од најпознатите повоени станови во Лондон ќе биде во фокусот на изложбата V&A. Музејот транспортирал голем дел од бруталистичкиот станбен комплекс Robin Hood Gardens на изложбата во Венеција, како би ја демонстрирал визијата на архитектите Alison и Peter Smithson за „улици на небо“.

Павилјонот Unfolding ќе ги покани посетителите во стан во склоп на социјалниот станбен комплекс Giudecca, кој италијанскиот архитект Gino Valle го завршил во 1986 година. Една од целите е да се покаже што е во состојба, градба со скромно минато и буџет, да понуди на околината. По завршувањето на изложбата станот ќе се реновира за да може да стане нов семеен дом.

2social_housing_guidecca

станбен комплекс Giudecca

Како сексот може да го обликува градот

Воведувањето апликацијата како Grindr, која на корисниците им овозможува да се поврзат со странци кои им се во близина, развиена е нова форма на сексуална пракса во градовите кои повеќе не се ограничени на јавни простори, како што се паркови и тоалети. Ова детално ќе биде претставено во Cruising павилјонот, изложба која се фокусира на „конфликтна сruising архитектура“. Низ работата на архитектите Andrеs Jaque и Diller Scofidio + Renfro ќе се прикаже појавувањето на „нова, психосексуална географија“.

3cruising

 Cruising павилјон

Ѕидови кои создаваат сегрегација

Една од најголемите вести минатата година беше изградбата на новиот ѕид на границата помеѓу Мексико и САД. Но, оваа година исто така претставува пресвртница за уште еден ѕид. Берлинскиот ѕид од оваа година е подолго срушен од колку што стоеше. Импликацијата на гранични ѕидови ќе биде истражена во германскиот павилјон. Во изложбата Unbuilding Walls, кустосите планираат да ги погледнат резултатите на поделбата.

4berlin_zid

 изложбата Unbuilding Walls

Верски простор во 21 век

Оваа година Ватикан за прв пат учествува на Биеналето, претставувајќи нов фокус на верската архитектура. Со серија капели проектирани од архитекти, вклучувајќи ги и Norman Foster, Eduardo Souto de Moura и Teronobu Fujimori, ќе се постави прашањето: како изгледа храм во 21 век?

5vatikan

Ватикан, верска архитектура

Израел во својот павилјон се концентрирал на религијата. Statu Quo: Structures of Negotiation го изтражува „кревкиот систем на соживот“ на пет свети локации, на кои полагаат право и Израел и Палестина. Кустосите се надеваат дека ќе покажат како архитектурата може да се користи како сретство за преговарање на различни идентитети.

Улогата на Европската унија

Одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија, веројатно ќе игра голема улога на овогодинешната изложба со оглед на тоа што унијата чека да види како тоа ќе се одрази.

Поставка на британскиот павилјон Island на авторите Caruso St John Architects и Marcus Taylor фокусирана е на Brexit. Создаден е нов простор кој на кров на зграда ги пречекува посетителите, пружајќи им поглед на останатите нацинални павилјони во Ѓардини и пошироко. Просторот внатре во самиот павилјон ќе остане празен.

6eu

павилјон Island

Белгија исто така ќе се осврне на предизвиците на Европската унија, особено „нејзиното клучно, територијално, физичко и симболично присуство во Брисел“ на изложбата под име Eurotopie. Како и британскиот павилјон и оваа изложба ќе понуди простор каде гостите се охрабруваат да разговараат за Европа.

Испрати коментар

Scroll To Top