Венеција за прв пат ги подигна долго одложуваните бариери против поплавување, откако метеоролозите предупредија дека поради невремето, комбинирано со висока плима, градот би можел да биде поплавен.
Мрежа од 78 жолти бариери кои го чуваат влезот во ранливата венецијанска лагуна започнаа да се подигнуваат од морското дно повеќе од три часа пред плимата да го достигне својот максимум.
Плимата носена со силни ветрови и обилни дождови треба да достигне 130 сантиметри, далеку под разорните 187 сантиметри минатиот ноември, кога Венеција се најде под вода. Тоа беше втора најголема поплава во историјата на градот.
Градските татковци се надеваат дека контроверзниот, повеќе милијарди евра вреден проект за одбрана од поплави, познат како MOSE (Modulo Sperimentale Elektromeccanico – експериментален електромеханички модул), ќе ги ублажи последиците од претстојната бура.
Контраверзниот MOSE
Осмислен во 1984 година, проектот MOSE требаше да проработи во 2011 година, но беше придружен со корупција, пречекорувања на трошоците и доцнење. Четири огромни брани на влезовите во Lido, Malamocco и Chioggia би требало да ја затворат лагуната во период од 15 минути и да ја заштитат од напливот на вода.
Конечно беше тестиран во јули и инженерите проценија дека е подготвен за употреба кога времето е лошо.
Венецијанските поплави – „acqua alta“ – се предизвикани од низа фактори кои дополнително се влошуваат поради климатските промени, како што се покачување на нивото на морето, невообичаено високи плими и повлекување на тлото, поради што градот да тоне.
MOSE би требало да ја заштити Венеција од плими високи до три метри.