Насловна / Вести / Венеција под вода, туристите во чизми

Венеција под вода, туристите во чизми

Поради обилните дождови центарот на Венеција е поплавен. Погоден е од најтешки поплави во последните 50 години. Плоштадот Свети Марко е целосно под вода, а водата им нанесе штети и на ѕидовите на базиликата Свети Марко.

ven1
Водата ги преплави кафаните и продавниците, а поради лошата временска прогноза затворени се училиштата и градинките, пренесува АП.
Градоначалникот Луиџи Бруњаро зборува за „катастрофа“ и ги мобилизираше сите сили за спасување. Тој најави дека денеска ќе прогласи вонредна состојба.
Според прогнозите на метеоролозите, вечерва се очекува уште еден налет на дождот, кој воглавном ќе ги зафати североистокот на Италија и Сицилија.

венец

Испрати коментар

Scroll To Top