Насловна / Архитектура / Венеција не е ставена на листата на загрозено наследство на УНЕСКО

Венеција не е ставена на листата на загрозено наследство на УНЕСКО

Комитетот на УНЕСКО одлучи да не ја стави Венеција на списокот на светско наследство во опасност и покрај препораките на експертите, со што ја поштеди италијанската влада од срамна пресуда за состојбата на градот.

„Комитетот за светско наследство одлучи да не ги вклучи Венеција и нејзината лагуна на списокот на светско наследство во опасност“, соопшти УНЕСКО, по состанокот на Комитетот во Ријад.

в1

Италијанскиот министер за култура Gennaro Sangiuliano изјави дека додавањето на Венеција на списокот би било „несоодветен потег“ и не би бил заснован на објективни факти. „Венеција, затоа,  не е во опасност“, вели министерот.

Градот загрозен од масовен туризам и поплави

Венеција, позната по своите канали и културни знаменитости, долго време е загрозена од поплави и масовен туризам.

Sangiuliano вели дека УНЕСКО позитивно ги оценил италијанските напори за заштита на Венеција од високиот водостој со мобилниот систем за подводни брани MOSE, а од неодамна и со воведувањето билети за туристите, со што ќе се ограничат нивниот број и ќе почне да се применуваат следната година.

в3

Меѓутоа, УНЕСКО рече дека се потребни повеќе напори за заштита на ранливиот град.

„Во тој поглед, УНЕСКО ја повтори својата загриженост, барајќи од градот да реши голем број тешкотии што го загрозуваат, како што се масовниот туризам и климатските промени“, се вели во соопштението.

в2

Испрати коментар

Scroll To Top