Насловна / Вести / Венеција го ограничува бројот на туристи што ќе може да ја посетат

Венеција го ограничува бројот на туристи што ќе може да ја посетат

Венеција постави привремени капии на краевите на два моста со цел да го контролира приливот на туристи и да врати доколку пристигнат во преголем број во градот.

Локалните власти таквата мерка ќе ја применуваат два дена, односно до 1 мај.венеција

До попладневните часови, градските полицајци кои го следат приливот на туристи проценија дека тие не се премногу, па капиите за сега не се затворени.

Бројот на туристи што ја посетуваат Венеција е многу поголем од цифрата на жители на градот, така што тесните улици во екот на туристичката сезона речиси се непроодни.

Гужвата настанува кога од бродовите ќе слезат илјадници туристи во исто време.

Испрати коментар

Scroll To Top