Насловна / Арт и дизајн / Велосипедска патека „Ѕвездена ноќ“ во Холандија

Велосипедска патека „Ѕвездена ноќ“ во Холандија

van gog pat (3)

Во Брабант е поставена велосипедска патека долга 600 метри, инспирирана од познатото дело на Винсент ван Гог „Ѕвездена ноќ“.
Холандски дизајнер Daan Roosegaarde дизајнира уникатен проект во чест на најголемиот холандски уметник. Велосипедската патека која потсетува на познатата слика на Ван Гог од 1814 година предизвика восхит кај светските медиуми и локалните жители, кои не можат да дочекаат патот да биде осветлен од илјадници ѕвезди.

van gog pat (4)

Во овој случај, ѕвездите се соларни камења кои се полнат во текот на денот а во текот на ноќта креираат неверојатна глетка и осветлување за велосипедистите. Дизајнерот вели дека ова дело е вистинска технолошка поезија: „Сакав да создадам место што ќе им понуди на луѓето уникатно искуство и да се поврзе модерната технологија и познатото уметничко дело“.

van gog patvan gog pat (2)

Испрати коментар

Scroll To Top