Овој базен долг 25 метри, е ремек-дело на архитектурата и е право чудо, бидејќи се наоѓа на 12 метри висина и има стаклено дно. Базенот е дел од хотелот Hubertus, кој е инаку многу возбудлива и популарна дестинација за скијачите, а се наоѓа во Јужен Тирол.
Базенот има извонреден поглед на планинскиот венец на Доломити, а e дело на архитектонското студио Noa и содржи слатка вода.
Неговите страни се направени од стаклeни панели, како и дното, а со тоа и не е наменет за оние што страдаат од вртоглавица или страв од височини.
Архитектот Лукас Рунгер од студиото изјави: „Кога го дизајниравме овој базен, имавме цел да ги замаглиме физичките и да креираме елемент кој се преплетува со пејзажот, ги рефлектира облаците и го врамува панорамскиот поглед“.
Стаклениот преден дел на базенот успешно ги поништува неговите граници и границите на пејзажот, создавајќи надреално чувство за пливачите. Ова чувство дополнително е зајакнато со антрацитните страни на базенот, кои се во нијанса со опкружувањето во коешто се наоѓа базенот.
Оние што се храбри сигурно ќе посакаат да пливаат барем еден круг во базенот, а за другите, хотелот Hubertus нуди неколку апартмани и соби, кои нема да ви обезбедат чувство на вртоглавица.