Насловна / Арт и дизајн / Великан на тотал дизајнот, Dror Benshetrit (видео)

Великан на тотал дизајнот, Dror Benshetrit (видео)

Dror Benshetrit живее и твори во градот Chelsea во сојузната држава Њујорк и веќе 18 години успешно се занимава со архитектура, урбанизам и дизајн. Неговите први дизајнерски чекори се случиле кога со 25 години од родниот Тел Авив дошол во Големото јаболко и отворил студио.

1

Dror Benshetrit

Во време кога сеуште немал изградено ниту една шупа, но имал визија и идеи на претек, пријател го поврзал со генералниот менаџер на инвеститорската компанија Zaya од Абу Даби, Nadi Za’al, која била заинтересирана, малиот остров Нураи во близина на Абу Даби да го преобрази во луксузен, модерен ризорт.

Dror за само осум недели успеал да направи урбанистички план за целиот остров, инспириран од персиските ќилими, со креирање на полуинтимни – полујавни простори, како и смели интервенции на копно и во море.

abu abu1

Нураи во близина на Абу Даби

Бидејќи на израелски државјани им е забранет влез во Обединетите Арапски Емирати , Dror проектот на компанијата Zaya и го презентирал преку e-mail, а изградбата ја следел по пат на видео снимки. Целиот проект е „разграбен“ за речиси 72 часа, а инвестицијата вредела скоро милијарда долари.

Во соработка со фирмата Gensler во 2017. година победил на конкурс за изработка на главниот проект за пешачка зона на истанбулското пристаниште Галата и ја трансформирал еден километар долгата врска помеѓу историскиот центар (Karakoy) со индустриската зона на Истанбул. Овој потег по дваесет години политичка и стручна дебата добил радикална преобразба во прво, подземно, трансформобилно и хидрауличко шеталиште, односно пристаниште за крузери во склоп на кое ги „озеленил“ и околните објекти, со што е добиена дополнителна парковска површина и оживеана е атрактивната локација која годишно има околу седум милиони посетители. Проектот е во изградба во моментов.

ist

пешачка зона на истанбулското пристаниште Галата 

Студиото Dror се занимава и со ентериери, од кој најзначаен е ентериерот на синагогата во Сохо, на кој му е даден современ, свеж изглед со цел богослужбата да се приближи на помладата популација.

soho

 

синагогата во Сохо

Се занимава и со дизајн на мебел, неговите фотелји „Peacock” (Паун) од набран филц и „Tron“, која си поигрува со волумените на впечатлив начин, претставуваат два суптилни, но исклучително зрели пристапи на дизајнот и инженерингот.

capelini

„Peacock”

tron

„Tron“

Dror Benshetrit успешно се занимава и со продукт дизајнот, па така дизајнирал многубројни полици за книги, за вино, вазни, куфери. Исто така е познат и по трансформирачки, динамични или статични скулптуи или инсталации со мошне изразена геометрија.

tumi

куфер за компанијата Tumi

puma

патнички павилјон за компанијата Пума

На крстосницата помеѓу архитектура, дизајн и концептуален дизајн се наоѓа и концепт/патент  QuaDror, победник на конкурс на компанијата Swarowski, кој претставува положба на два или повеќе елемента поставени еден покрај друг, две прости поларности (машка и женска) претставени меѓусебе „заклучени“ правоаголници, кои по потреба создаваат 2Д или 3Д елементи.

Подоцна овој рецепт е наградуван и развиена е цела низа пронајдоци кои би нашле своја широка примена од земјоделие до градежништво. Без оглед што некои сеуште не се реализирани како што се замислени, QuaDror е азбука на тотал дизајнот: едноставен, мултифункционален „племенит“ елемент кој решава повеќе проблеми истовремено.

Испрати коментар

Scroll To Top