Насловна / Вести / Велика Британија се подготвува за првиот водороден град

Велика Британија се подготвува за првиот водороден град

Британските гасни компании очекуваат веќе до 2030 година во Велика Британија да биде реализиран првиот „водороден град“, т.е населба која снабдувањето со енергија ќе се базира на водород, а целосната транзиција кон водородно енергетско стопанство до 2050 година. Каде ќе биде лоциран тој прв „водороден град“ уште не е познато, но тој проект само е дел од широкиот план за премин на британскиот гасен сектор на водородно стопанство до 2050 година. Впрочем, тоа е предвидено во Планот за зелена индустриска револуција кој британската влада на чело со премиерот Борис Џонсон го претстави во ноември минатат година.

GB1

GB3

Споменатиот проект го објави британското Здружение на енергетски мрежи (ENA) и познато е дека е развиен од страна на познатата консултантска и сертификациска компанија  DNV GL. Се темели на четири начела: безбедност, сигурност во снабдувањето, задоволување на потребите на корисниците и реализација на синџирите на снабдување, а ќе се реализира исто така во четири фази. Во првата фаза на проектот, која би требала да биде довршена до 2025 година, а вклучува замена на системите на природен гас со водород во 100% износ и истражување на можностите за примена на водородот во домажинствата исто така во 100% износ. Веќе во 2025 година, моќноста за производство на водород би требало да достигне 1 GW, а за 2030 година целта е 5 GW. Во наредната деценија проектот ќе се прошири и меѓу индустриските капацитети. Во исто време би требало да биде завршена адаптацијата, односно реконструкција на постоечките гасни системи, така што ќе се овозможи примена на водородот во домаќинствата, индустријата и сообраќајот.

GB2

 

Испрати коментар

Scroll To Top