Новиот концепт на еко автобус е конструиран со цел прочистување на цврстите честички од околниот воздух, и тоа со неверојатна ефикасност од 99,5%. Доколку предложената технологија се покаже успешна, планирано е во сообраќај да се пуштата 4.600 вакви автобуси. Иновацијата доаѓа од Go-Ahead Group, најголемата сообраќајна компанија за автобуски и железнички транспорт. Автобусот е наречен Bluestar Bus, и поседува филтер за воздух на покривот. Тест периодот од три месеци за овој автобус започнува во Саутемптон, кој неодамна достигна гранични вредности во однос на загадувањето на воздухот. Градот, исто така планира да воведе такси за загадување, кои би изнесувале околу 100GBP, за автобуси и такси возила кои го загадуваат воздухот. Од компанијата Go-Ahead Group истакнуваат дека еден автобус во текот на една година може да исчисти волумен на воздух кој е еквивалентен на 25 Олимписки базени за пливање.