Насловна / Вести / Велика Британија: Некои електрани на јаглен сепак ќе продолжат со работа

Велика Британија: Некои електрани на јаглен сепак ќе продолжат со работа

Британската влада соопшти дека дел од термоцентралите на јаглен, кои било планирано да се затворат до крајот на годината, сепак ќе продолжат да работат и по тој рок. Причината за таквата одлука е обезбедување на стабилно снабдување со електрична енергија во претстојната зима. Земјите ширум Европа прават планови за вонредни ситуации во случај на сериозни пореметувања во испораката на енергенти од Русија,  при што особено е ранлива ситуацијата со гасот – 40% руски гас во вкупниот увоз на гас во Европа.

gb2

Велика Британија обезбедува околу 50% од својата електрична енергија од електрани ан природен гас, Иако рускиот гас учествува со само 4% во покривањето на британските потреби, сепак поголемо пореметување во снабдувањето сериозни би влијаело врз цените во Европа, па тешко би се обезбедил гас од други добавувачи. „Иако понудата ан гас од различни добавувачи во моментот е солидна, сепак ќе ставиме на располагање дел од нашите капацитети на јаглен, доколку биде потребно“, истакнал портпаролот на британската влада.

gb1

 

Испрати коментар

Scroll To Top