Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, го претстави на јавноста 25-годишниот план за подобрување на заштитата на животната средина во земјата и уништувањето на пластичниот отпад, ветувајќи дека напуштањето на ЕУ не значи намалување на еколошките стандарди.
Целите кои се соопштени вклучуваат елиминирање на пластичниот отпад кој може да се избегне до 2042 година и проширување на наплатата од 5 пени за пластичните кеси во сите дуќани. Меј го посочи пластичниот отпад како „една од најголемите несреќи на нашето време“
Противниците на Brexit се загрижени дека Велика Британија би можела да ги ослаби стандардите во областа на заштитата на животната средина кога во 2019 ќе ја напушти ЕУ. Меѓутоа, британската премиерка подвлече дека сите постоечки регулативи ќе останат составен дел на британските закони и дека “Brexit не значи намалување на еколошките стандарди”.