Насловна / Вести / Велика Британија има проблеми со вишокот производство од ветерните електрани

Велика Британија има проблеми со вишокот производство од ветерните електрани

Британскиот оператор на преносниот систем National Grid, минатиот месец платил 82 милиони фунти на операторите на ветерни електрани со цел тие да го ограничат производството во лоши временски услови, за да се избегне ситуација на прекумерна количина на енергија која би завршила во мрежата. На таа сума треба да се додадат и 122 милиони фунти кои се платени во претходните 11 месеци од минатата година. Имено, National Grid обично од производителите бараат да го намалат производството со цел да се намали притисокот на делови од мрежата.

nationalgrid1

Минатиот месец операторот на системот NGESO известил за рекордно производство од ветерните електрани, достигнувајќи во одредени денови и над 50% во енергетскиот микс.  И во нарениот период се очекува раст на инсталираниот капацитет и на произведената енергија од ветерните електрани. Со оглед дека може да се очекуваат и поголеми проблеми со прифаќањето на таа енергија, производителите бараат од државата воведување на обврска за изградба на батериски складишта ан енергија, но постојат бројни бирократски препреки. Затоа таквите проекти многу бавно се реализираат, според принципот „прв дојден, прв услужен“, независно од тоа дали проектите се целосно подготвени и дали е обезбедено финансирање. Доколку проектите сакаат да излезат од листата на чекање, се соочуваат со финансиски казни. National grid засега има привремен мораторуим на ова финансиско пенализирање, но не се знае дали тоа ќе продолжи по смирувањето на енергетската криза.

nationalgrid2

Испрати коментар

Scroll To Top