Насловна / Вести / Велика Британија и Словачка, оваа година се простуваат од јагленот

Велика Британија и Словачка, оваа година се простуваат од јагленот

За десет години, во многу земји во Европа веќе нема да се произведува електрична енергија од јаглен. Компаниите се оптоварени со трошоци на име емисии на гасови со ефект на стаклена градина, а во исто време електраните на јаглен се главно доста стари и нивното одржување е скапо. Велика Британија и Словачка во 2024 година го довршуваат процесот на постепено запирање на употребата на јаглен, а Австрија претходно се откажа од планот за рестартирање на термоелектраната Mellach.

Компанијата Uniper, чие седиште е во Германија, останува при намерата во септември да ја затвори својата постројка Ratcliffe-on-Soar. Таа електрана на јаглен со четири блока од вкупно 2GW, е последната од ваков вид во Велика Британија. Оваа електрана е пуштена во работа во 1986 година. Uniper претходно објави дека на нејзино место планира да произведува водород, и дека постепено, до крајот на деценијата, ќе достигне 500MW капацитет на електролизери. Уделот на фосилните горива во домашното производство на електрична енергија во Британија се спуштил во 2023 година на најниско историско ниво од 1957 година. Имено, тој удел лани изнесувал 33%, при што 31 процентен поен отпаѓа на природниот гас, додека остатокот се однесувал на јаглен и мазут.

coal1

Словачка е на пат до средина на годинава целосно да се ослободи од јагленот. Таа земја претходно се обврзала дека ќе ја заврши оваа постапка до 2030 година. Исклучувањето на последната електрана на јаглен Vojany, најавено е за јуни годинава. Оваа електрана се состои од два блока со по 110 MW. Изградена е во 1966 година. Термоелектраната Novaky, од 266MW престанала со работа во декември 2023. Министерството за економија и енергетската компанија Slovenské elektrárne, откриле дека ја разгледуваат можноста за изградба на мали модуларни реактори на една од овие две локации.

coal2

Австриската влада, минатата година не успеала преку парламентот да издејствува повторно активирање на термоелектраната на јаглен Mellach на компанијата Verbund. Тој потег е критикуван како скап и премногу комплициран. Оваа земја минатата година го зголемила уделот на обновливи извори на енергија од 78 на 87%, и така се најде на второ место во Европа после Луксембург.

Франција, Германија, Австрија, Белгија, Холандија, Луксембург и Швајцарија, во декември се обврзаа дека најдоцна до 2035 година ќе ги декарбонизираат своите електроенергетски системи.

Испрати коментар

Scroll To Top