Насловна / Вести / Велика Британија ги фаворизира реверзибилните хидроцентрали

Велика Британија ги фаворизира реверзибилните хидроцентрали

Reverzibilni hidrocentrali Britanija

Британската енергетска компанија Scottish power, планира да ја удвои инсталираната моќност во реверзибилни хидроцентрали, со оглед на растот на ветерните централи приклучени на мрежа. Во таа насока, компанијата ќе додаде 400 MW кај постоечката хидроцентрала „Cruachan“ со изградба на уште една брана. Во текот на ноќта кога електричната енергија е евтина водата ќе се пумпа кон акумулацијата, а во текот на денот  ќе се произведува електрична енергија.

Reverzibilni hidrocentrali masinska hala

Но, од компанијата велат дека инвестицијата од 300 до 400 милиони фунти е преголем товар за нив, па бараат гарантирана цена по произведен kWh од државата. За возврат, ветуваат дека ќе го одржуваат профитот во минимални и разумни граници.

Reverzibikni hidrocentrali Britanija

Со оглед на фактот што државата има потешкотии во балансирањето на капацитетите од обновливи извори на енергија, постојат сериозни шанси овој проект да се реализира. „Cruachan“ е втора по големина реверзибилна хидроцентрала во земјата, која сега се користи за „пеглање“ на врвната потрошувачка, бидејќи е исклучително флексибилна во погонот и може да биде синхронизирана на мрежа за помалу од една минута.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top