Активистите за заштита ан животната средина најавија дека ќе се обратат до Судот со цел да се обидат да го поништат одобрението кое го издала владата за отворање на јамскиот коп на рудникот за јаглен, прв од ваков вид во Велика Британија после повеќе од три децении. Во копот Woodhouse Colliery би се експлоатирал јаглен за коксирање и главно би се извезувал. Комитетот на Велика Британија за климатски промени (CCC), независно тело за советување на владата, се придружило на стручњаците и активистите во критикувањето на државниот секретат за рамномерен развој, домување и заедници, Мајкл Гов, бидејќи дал зелено светло за овој проект. Компанијата West Cumbria Mining, која овој проект го започнала во 2014 година, сака да произведува до 3,1 милиони тони јаглен годишно.
Организациите за заштита на животната средина тврдат дека работата на овој рудник би била во спротивност со напорите на Британија да ги достигне своите климатски цели, што е законска обврска. Јагленот од овој рудник ќе се користи во производството на челик, а 855 од количините ќе бидат наменети за извоз. И British Steel и Tata, единствените две компании производители на челик во земјата, работат на нискојаглеродни технолгии. Во тој сектор, зелениот водорот веќе интензивно се користи како алтернатива за коксот. Обединетото Кралство планира да достигне климатска неутралност до 2050 година, а најавениот рудник е планирано да работи до 2049 година. Инаку, Велика Британија се обврзала до октомври 2024 година да престане со производство на електрична енергија од јаглен.