Насловна / Архитектура / Велика Британија: Бункер од Втората светска војна ќе биде претворен во куќа за одмор

Велика Британија: Бункер од Втората светска војна ќе биде претворен во куќа за одмор

Бетонски бункер во ридот кај Дорсет во Англија, ќе добие нова намена. Бункерот е направен во Втората светска војна, а наскоро ќе стане куќа за одмор на море. Во моментот изгледа како бетонско утврдување без прозорци, а некогаш бил дел од радарската станица на RAF. Попрецизно, тој е дел од Chain Home системот, односно серија бункери изградени долж брегот на Англискиот канал, чија задача била откривање на непријателски авиони со помош на радари. По завршувањето на војната, некои бункери се користени за следење на советските бомбардери од педесетите години на минатиот век. Денес постојат само неколку зачувани вaкви бункери, а токму еден од нив ќе биде претворен во куќа за одмор. По укинувањето на низата антени во 1974 година, бункерот не се користел. Се наоѓа на една семејна фарма стара повеќе од 400 години. Сега го очекува целосна трансформација, а за тоа е задолжена компанијата Lipton Plant Architects. Бункерот не е видлив однадвор бидејќи е сокриен во бујна вегетација. Ќе му биде додаден еден голем прозорец кој ќе пружа прекрасен поглед кон морето. Процесот на реновирање ќе вклучи и кујна, дневна, две спални, бања и тераса. Бетонските ѕидови ќе останат изложени за да се задржи естетиката на бункерот.

bunker1

bunker2

bunker3

Испрати коментар

Scroll To Top