Насловна / Архитектура / Велелепна железничка станица во Холандија – проект кој траел 20 години

Велелепна железничка станица во Холандија – проект кој траел 20 години

Arnhem Holandija zeleznicka stanica

Холадскиот град Арнхем ќе се најде на мапата на најголемите европски сообраќајни јазли. Елегантната нова железничка станица која е овде изградена, ќе ги поврзе економските центри на Германија, Белгија и Холандија. Централната железничка станица во Арнхем е огромна модерна градба изградена од брановидно стакло, челик и бетон, со столбови и коридори кои се претопуваат едни во други. До 2020 година, овде дневно ќе минуваат по 110.000 патници.

Zeleznicka stanica Arnhem Holandija4

Иако не е најголемата во Европа, оваа железничка станица се издвојува по својата архитектура и иновативната технологија. Целиот процес, од проектната идеја, проектирањето и изведбата, траел 20 години и чини 37,5 милиони евра. Највеќе време е потрошено во фазата на проектирање.

Zeleznicka stanica Arnhem Holandija3

„Луѓето прашуваат зошто ни беше потребно толку долго време, но одговорот е дека се работи за сложен проект кој заслужува да има повеќеслоен пристап во проектирањето. Многу коцки требаше да бидат склопени“, вели Ben van Berkel, основач и архитект од „UNStudio“ од Амстердам, авторот на овој грандиозен проект.

Zeleznicka stanica Arnhem Holandija2

Обемните студии влијаеле на обликувањето на амбициозен сообраќаен јазол со две автобуски станици, канцеларии, паркинг за 1.000 возила и 4.500 велосипеди. Резултатот е огромен отворен простор со многу природно светло. „Сакавме да ја оживееме идејата за славење на патувањето“, вели Van Berkel.

Zeleznicka stanica Arnhem Holandija

Патниците што претходно само транзитирале низ овој град, сега се љубопитни тука да поминат барем еден ден и да прошетаат низ  живописните улици полни со кафулиња.

Zeleznicka stanica Arnhem Holandija1

Можат да уживаат во блискиот национален парк, музејот „Kröller-Müller“ кој има една од најголемите градини со скулптури на европскиот континент, да ги погледаат делата на Ван Гог, Пикасо и Моне. Градот има и респектабилен музеј на современата уметност, како и стар холандски музеј на отворено со интерактивни експонати.

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top