Насловна / Архитектура / Вегетацијата како баланс во урбаните средини

Вегетацијата како баланс во урбаните средини

Вегетацијата имала важна улога уште во древните цивилизации. Таа е активен дел на објектите, посебно семејните куќи, со примена на автохтона вегетација во дворните места на семејните куќи. Развојниот пат на вегетацијата се движи паралелно со развојот на градовите, и со нивната трансформација се менува структурата и формата на зелените содржини во урбаната средина.3 Urbana vegetacija

Урбана вегетација

Вегетација како битна содржина на човековите населби

Оформувањето и одржувањето на урбаната вегетацијата не е само прашање на естетика или  одржување на психолошка врска на човекот и природата, туку од тоа зависи степенот на подобрување на еколошките услови во изградените средини. Акцентот е насочен кон вегетацијата во рамки на градовите, заради фактот што со брзиот раст на градовите човекот сè повеќе се оддалечува од природата и се јави потреба од внесување на дел од природата во градовите, особено со оформување на јавни паркови, со што граѓаните се доближуваат до природата.

Битен е билансот на вегетацијата како волуменски опфат, а не како површински квантитет изразен во метри квадратни по жител. Се повеќе расте свеста на луѓето за значењето на вегетацијата и за најзината улога во урбаната средина. Потребни се поголеми севкупни напори за зачувување и унапредување на вегетацијата во градовите. Во глобални рамки, а и во наши услови, сè повеќе е евидентно намалувањето на зеленилото во урбаната средина. Со брзото ширење на градовите се градат објекти и инфраструктура, додека оформувањето на урбани паркови се во втор план. Постои практика на пренамена на зелени површини во други урбани намени и со тоа се намалуваат белите дробови на градовите, а со секое исечено дрво се намалува квалитетот на живеењето во градовите. Дрвото треба да се третира  како елемент на урбана култура, со свој егзистенцијален простор.

Во развојот на урбаната вегетација се согледуваат три периоди кои се одвиваат со различен интензитет и во различни простори:

Период 1 – Јавни паркови. Период на оформување и одржување на јавни паркови и внесување во урбанистичките планови на градовите зони за вегетација, со различни големини, за одмор и рекреација на граѓаните, особено  во периодот на 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Се формираа простори со зеленило особено покрај речни текови низ урбани опфати, како и линеарно зеленило покрај сообраќајници, особено изразено во Скопје.

4 Gradski park vo Skopje

Градски Парк во Скопје

6 Park vo Guangdong Kina

Парк во Гуангдонг, Кина

Период 2 – Вегетација во станбени населби.  Период на изградба на нови станбени населби со доста зеленило, односно зградите се вклопени во зелени оази, со соодветна поврзаност со природата, со различни силуети на урбана вегетација, со систем на пешачки патеки и дел за игра на деца, што е поволно од аспект на поврзување на архитектурата и зеленилото, со создавање на оптимистички простори во периодот на 70-тите и 80-тите години на минатиот век.7 Zelenio vo naselba Aerodrom Skopje

Зеленило во станбена населба Аеродром – Скопје

Следуваше период на сопственичка трансформација, во периодот на транзиција во 90-тите години, а битните промени во сопственоста  имаа влијание врз просторното организирање на просторите за вегетација, со максимално користење на секоја локација и помало внимание кон зеленилото во урбаната средина.

8 Zelenilo vo naselba vo Vashington SAD

Населба во Вашингтон

Периодот на транзиција се карактеризира со истакнување на профитабилните интереси на инвеститорите за секоја локација, со намалено внимание кон зелените простори.

5 Park vo Melburn Avstralija

Парк во Мелбурн, Австралија

Период 3 – Потреба од поголема грижа за урбана вегетација. Со зголемување на свеста за зеленилото на глобален план, се зголемува  грижата на јавноста за секое дрво кое се сече за изградба на објекти. Зголемената грижа во последната декада треба да резултира со соодветно нормативно регулирање и оптимални стандарди за третманот на зеленилото во урбаната средина. Треба да се актуелизира Законот за урбано зеленило, со акцент на заштита на постојното зеленилo и организирање ново, оформување зелен катастар, соодветни стандарди за третманот на урбаното зеленило.

Во зелениот катастар треба да биде евидентирано секое „парче“ зеленило, не само од јавните површини, туку и од приватните, како и она меѓу станбените блокови (за изработка на зелениот катастар на Виена биле потребни речиси седум години). Со Зелениот катастар ќе се утврдат површината, сопственоста и квалитетот на зеленилото, во функција на урбанистичко планирање, а со крајна цел да се спречи натамошната пренамена на зеленилото во градежни цели.

Пример за соодветен однос кон јавните паркови, како потреба на граѓаните е Централ парк во Њујорк, во реонот на Мехнетен, оформен во 1857 година, со површина 3,41 км2 (должина околу 4 км и широчина 0,8 км). Најпосетуван градски парк во САД, со околу 30 милиони посетители годишно.

10 Central park vo Njujork9 Central park vo Njujork

Централ парк во Њујорк, САД

Урбанистички планови и урбано зеленило. Третманот на зеленилото се согледува во рамки на урбаните подрачја на Генералните урбанистички планови за секој град одделно, а се разработува со Детални урбанистички планови за делови на градовите. Во секој град, распростирањето, големината (површина урбано зеленило по жител) и квалитетот на урбаното зеленило е различно. Во вкупноста на урбаното зеленило, покрај јавните паркови се вклучува зеленилото околу станбените згради, зеленилото во училишта, болниците, стопанските субјекти, зеленилото околу семејни куќи, покрај сообаќајници, како и зеленилото во спортско рекреативни центри.

Ситуацијата со зеленилото е различна во градовите низ Македонија и различно е распоредено во урбаното ткиво. Според пописот од 2002 година, во Скопје се евидентирани 7,66 квадратни метри зеленило по жител, а урбаното зеленило  е нерамномерно распределено низ градот односно општините (најголем дел на зеленило има во општина Аеродром и Карпош).

Секако, најзагрозено е централното градско подрачје, со постојано намалување на обемот на зеленило, со сечење на дрва заради изградба на нови објекти, со што се намалува квалитетот на живеењето во централниот дел на градот, и со новите урбани ѕидови се редуцира и така малото струење на свеж воздух од Водно, како што беше случајот и со просторните бариери во населбата Капиштец.

Во урбанистичките планови треба да се утврдуваат плански решенија за поврзување на зеленилото во една интегрална целина, како континуитет на парковско, блоковско (различни намени и протегања), линеарно (дрвореди покрај булевари и улици) и заштитно зеленило (покрај индустриски капацитети), како зелена урбана инфраструктура и динамична урбана содржина.

13 Prenamena na deponija vo Park vo Tjencin Kina

Пренамена на депонија во парк во Тјенцин, Кина

Насоки за организирање на простори за вегетација

1.Оформување и одржување на урбана вегетација

Многу е битно да се врши перманентно одржување на вегетацијата со оглед на тоа што вегетацијата е динамична содржина за која е потребна соодветна грижа. Потребни се нормативни одредби со кои ќе биде утврдено дека не е можно да се пренамени површина со урбано зеленило, со цел да се сочува и унапредува просторот со зеленило. Од увидот во состојбата и согледувајќи ги реалните климатски услови во нашето поднебје, се утврдува дека е отежнато одржувањето на тревнатите површини особено во летните периоди (во споредба со влажноста на воздухот во северните земји каде тревата одлично се одржува ) и затоа кај нас треба да се дава приоритет на високата вегатација, со оглед на тоа што таа е потребна заради оформување волумен од вегетација (наместо зелена површина), заради поефикасно прочистување на воздухот и заради засенчување во летниот период, кога е најпотребно за овозможување поволна микро клима во градовите.

Пешачките патеки и тротоарите треба да имаат високо зеленило или перголи, заради поефикасно движење на пешаците. Во засенчените простори има подобри можности за организирање на паркиралишта за автомобили и велосипеди,  под сенките на дрвјата, а наместо трева, која е тешко да се одржува, под дрвјата можат да се постават различни видови поплочувања со различен колорит (што е добро за естетиката на просторот)  и со различни текстури на материјалите, кои се погодни за лица со посебни  потреби.

Значи, потребно е суштинско менување на односот кон урбаното зеленило, со поголем акцент на високата вегетација и суштинска примена на планските решенија за квалитетна зелена содржина со соодветен зелен волумен (итно дополнување на дрвореди со нови дрвја каде недостасуваат),  наместо  формалните зелени површини во урбанистичките планови кои на самото место се неорганизирани и неуредени. Покрај перманентно одржување на постојно и оформување ново урбано зеленило, добро е да се врши и пренамена на урбани содржини во зелени простори, како што е примерот на пренамена на депонија во парк во Тјенцин, Кина.

2. Пренамена на рамни кровови во зелени оази. Покрај организирање зеленило на тлото, постои можност за зголемување на зелените површини во градовите со трасформација на рамните тераси на зградите како зелени кровови, со што се зголемува обемот на зеленило во градовите. Во развиените земји е присутна тендинција на примена на зазеленување на рамните кровови на објектите, со цел да се подобрат микроклиматските услови, да се намали загаденоста на воздухот и бучавата, и да се унапреди естетската слика на градовите.

Во Канада, САД, Јапонија, Англија, Австралија и други земји, многу тераси и кровови веќе станале зелени оази во густо изградените делови на градовите. За жал, кај нас таквите проекти сè уште не се актуелни, но треба да се промовираат за да се применуваат и кај нас.

Балконите и просторите на рамните кровови можат да се уредат во многу интересни простори со дел со вегетација (со што се оформува зелена оаза), со примена на различни дизајни на кровните градини, со користење на лесни природни материјали, добро прицврстени за кровот, со соодветно оградување, оптимална дренажа, третман на водата, аспекти на ветер, сонце (засенчување) и други услови. Во основа, се работи за избор на ниски растенија, кои можат да егзистираат на кровни услови.

За подлога на растенијата се препорачува лесна смеса на земја со доволно хранливи материи неопходни за развој на растенијата. Импресивен е погледот кон градот од страна на кровните тераси и тој сегмент треба да се вкучи во дизајнот на кровната градина, со насочување кон интересните погледи со примена на обликувани елементи.16 Krovna gradina vo Melburn Avstralia 14 Zelen krov na katna garaza vo Singapur 15 Krovna gradina vo Bercley Caifornia USA

Кровни тераси во Мелбурн (Австралија), Сингапур и во Беркли (Калифорнија)

3. Еко ѕидови. Вертикални градини. Вертикално озеленување.

Покрај хоризонтално озеленување, постои можност за зголемување на зелените површини во градовите со трансформација на вертикалните ѕидови односно фасадите на објектите како зелени вертикални градини, третирани во екстериер и во ентериер, со третман на објектите како зелена архитектура. Во последната декада се зголемува интересот за вертикалното озеленување. После перидот на бетонизација и асфалтизација со доминантно сивило на градовите, следи период на озеленување и вегетабилност на градовите, со примена на вегетација со автоматско наводнување  и прехрана на билките.

20 Eko naselba vo  Svedska

Еко населба во Шведска

19 Eko naselba vo  Dubai

Еко населба во Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Системот за вертикални градини содржи: вертикална подлога, конструкција за вегетацијата, супстрат специфичен за билниот материјал, билен материјал според просторните услови и климата, систем за автоматско наводнување со прехрана, канал за собирање на вишок на вода и осветлување. Системот може да функционира надвор и внатре, како вертикален ѕид во екстериер и (или) во ентериер.  Модулите со растителен материјал (во зависност од просторот) се подготвуваат во расадник и зелените модули се монтираат на објектот.17  Vertikalna gadina vo Kopenhagen  Danska 18 Vertikalni gradni vo Milano Italija

Вертикални градини во Данска и Италија

Со примена на хоризонтално и вертикално озеленување и со комбинирање на различни дизајни на организирање на урбана вегетација, ќе се придонесе за менување на урбаното сивило на градовите, со трансформирање во еко градови, со систем на динамична урбана вегетација, со што ќе се зголеми квалитетот на урбаната средина.

(Продолжува)

Испрати коментар

Scroll To Top