Насловна / Архитектура / Вечерва во МКЦ „Архитектурата на 20 век како наследство“

Вечерва во МКЦ „Архитектурата на 20 век како наследство“

Вечерва во 19:00 часот во Младинскиот Културен Центар – МКЦ во Џебното кино ќе се одржи предавање „Архитектурата на 20 век како наследство“ на Luc Verpoest и Barbara Van der Wee
Дали современата архитектура на 20-тиот век бара некој посебен пристап за херитагизација, конзервација и реставрација, или едноставно може да се применат стандардни општи концепти како што се користат за претходна модерна архитектура? Docomomo International – Меѓународниот комитет за доктументација и зачувување на објекти, локации и соседства се занимава со овие прашања од своето основање во 1988 година.
Во првиот дел од предавањето (Luc Verpoest), прашањето за зачувување на модерното движење е воведено преку серија примери за авангардните модернистички проекти од 1920-тите и 1930-тите.
Вториот дел од предавањето (Barbara Van der Wee) се фокусира на обнова на доцно-модерните социјални или колективни станбени проекти во Белгија по Втората светска војна.
*влезот е слободен.

234

Испрати коментар

Scroll To Top