Насловна / Архитектура / Вечера под отворено небо

Вечера под отворено небо

243310_3_600

Јапонското студио Geneto го дизајнирал италијанскиот ресторан Langolino, кој создава вечерна атмосфера која ги кани своите гости под шаторскиот покрив со кој се создава чувство како да вечерате под ѕвездено небо.

Ресторанот Langolino е перфектно место каде луѓето можат да се соберат, да зборуваат и да уживаат во елегантните италијански оброци. Покривот на ресторанот е конструиран од неколку парчиња иверка, кои дијагонално се поврзуваат во триаголна точка. Во самата иверка се отсечени неколку триаголни отворчиња, па како што се стемнува гостите можат да уживаат во месечевата светлина што продира низ отворите. Овој стил е преземен од камперите што креираат интересен просторен дизајн со цел да уживаат во својот оброк под отвореното небо.

243310_2_600 243310_1_600

 

Испрати коментар

Scroll To Top