Насловна / Архитектура / ВЕБИНАР ЗА АРХИТЕКТИ: Иднината на поплочувањето надворешни површини

ВЕБИНАР ЗА АРХИТЕКТИ: Иднината на поплочувањето надворешни површини

Поттикната од досегашните успешни предавања и конференции, компанијата „Винербергер“ и оваа година организира стручен вебинар. На 19 мај, три врвни професионалки од Хрватска со нашите архитекти ќе ги споделат своите знаења и искуства во областа на надворешното уредување.

Вебинар за архитекти_RGB (1)

Ова се трите теми:

1. Павер-елементи: квалитетот и поставувањето во функција на естетиката и трајноста. Користењето на врвни технологии за производство на готови павер-елементи резултира со производи со екстремно висок квалитет. Тука, голема е заслугата на контролата на квалитетот, која се грижи сè да биде на највисоко можно ниво: од материјалите што се користат, преку процесот на производство, па до крајните производи. При дизајнирање на поплочени надворешни површини, мора да се земат предвид сите функционални параметри на павер-елементите за да се дојде до естетски прифатливо решение, кое ќе трае. Ивана Мухар, специјалист за контрола на квалитет во „Semmelrock Stein + Design“, Хрватска, преку конкретни реализирани проекти ќе покаже како урбаната средина може да се освежи со користење на производи за надворешно поплочување во многу бои и формати.

Bradstone Old Town

 

2. Одржливост на пејзажот и подобрување на урбаната микроклима. Во време кога климатските промени стануваат голем предизвик, на ниво на Европа, континуирано се зголемуваат зелените острови, се градат зелени покриви и паркинзи, а употребата на одржливи материјали со висок индекс на рефлексија на сончевата светлина (SRI – Solar Reflectance Index) станува долгорочен концепт за зелената инфраструктурна стратегија. Бетонот, како флексибилен и најчесто користен градежен материјал, бара да биде вклопен во таа стратегија. Ива Филиповиќ, пејзажен архитект во „Semmelrock Stein + Design“ – Хрватска, преку примери ќе објасни зошто поплочените надворешни површини, кои го поддржуваат природниот циклус на водата, се идеално и одржливо решение за уредување на прометните улици во урбаните средини.

BG_MKT_PHO_CPS_PAV_SEM_Lusso_Tivoli_kremavo_byal_02.jpg.jpg BG_M

3. Инспиративно уредување на отворени простори – Италија и Хрватска

Архитектот Ана Сламар има долгогодишно искуство во уредување на отворени простори на територијата на Хрватска и Италија. Според неа, поттикнувањето на квалитетното просторно планирање и архитектурата се основен предуслов за туристички и одржлив развој. Во нејзиното предавање за време на вебинарот, таа ќе направи осврт на примената на павер-елементите Semmelrock на новоизградени и реновирани туристички објекти.

Rettango

Зачувајте го 19 мај во вашите календари!

КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

КОМЕРЦИЈАЛЕН ТЕКСТ

Испрати коментар

Scroll To Top