Заха Хадид остави свој длабок печат и на Блискиот исток, пред својата смрт минататa година. Првиот нејзин проект во Дубаи, вдлабнатата кула „Опус“ ќе биде завршена и отворена до крајот на оваа 2018 година.
„Опус“ е кула со мешовита намена и не само што е прв проект на Хадид во Дубаи, туку е единствен хотел кој лично го проектирала и однадвор и однатре.
ME Dubai Hotel ќе зафаќа 19 ката од овој објект. Низ овој проект Хадид ја прикажала својата визија на поврзаноста на различните функции на објектот кој има и резиденцијален и деловен дел, како и кафулиња и ресторани.
Сето тоа е сместено во рамките на големата коцка која практично, поради вдладнувањето на средината се пресекува на две кули. Надворешната фасада ја карактеризира испрограмиран ЛЕД дисплеј кој ја осветлува зградата ноќе.