Насловна / Архитектура / Вчера во Мала станица се отвори двојното, 20. и 21. издание на БИМАС (ФОТО)

Вчера во Мала станица се отвори двојното, 20. и 21. издание на БИМАС (ФОТО)

Проф. д-р Мишко Ралев, претседател на ААМ свечено го отвори двојното, 20. и 21. издание на Биеналето на македонската архитектура (БИМАС), чие отварање вчера се одржа во Националната галерија на Македонија -Мала станица. Во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ, наредните две недели БИМАС ќе се одржува на две локации, во Мала станица и во Музејот на современа уметност. Во двата музејски простори ќе бидат изложени архитектонски проекти, реализирани објекти и урбанистички проекти од македонски архитекти и автори. Во овој период ќе бидат организирани и Студентското биенале (БИСТА) и Балкански архитектонски форум (БАФ).

Влезот е слободен за сите настани во рамки на оваа најзначајна архитектонска смотра во Македонија.

IMG_20230914_214559

IMG_20230914_214523

IMG_20230914_215015 IMG_20230914_215147 IMG_20230914_215547 IMG_20230914_215649 IMG_20230914_220123 IMG_20230914_220245 IMG_20230914_220517 IMG_20230914_220650 IMG_20230914_220839

Фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top