Органска форма во задебелена или карактеристична нијанса, вметната внатре во дебела проѕирна акрилна коцка. Вазните Bel Air Mini Scoop од дизајнерот Jonathan Adler се совршени за тесни букети, а исто така се одлични како интригантен објект и без цвеќиња во нив.
Се состојат од шарен акрилен сад со закривена и органска форма, затворена во блок направен од транспарентен акрил.Изгледаат како шарената форма да лебди внатре во проѕирната коцка. Формите се преклопуваат и обликуваат предмети со дупли ѕидови, создавајќи суптилна меѓусебна игра на бои и транспарентност.
Достапни се во неколку облици и големини, тие се издвојуваат сами по себе како живописно парче или можат да се групираат во различни бои и форми за модернистички пејзаж.