Насловна / Архитектура / Важноста на зелените површини и бои во градските простори

Важноста на зелените површини и бои во градските простори

Истражувачите во Франција користат VR за да го тестираат влијанието на промените во урбаните средини. Присутноста на светлите бои и зеленилото во градските ткива  може да ги направи луѓето посреќни и помирни. Тим истражувачи од Универзитетот во Лил, Франција, користеа VR за да тестираат како реагираат корисниците на варијации од минималистички урбан пејзаж од бетон, стакло и метал. Триесет и шест учесници се движеа, носејќи VR слушалки со тракери за очи, а истражувачите имаа за цел да ја менуваат околината, додавајќи атмосфери на вегетација, како и светло-жолти и розови тонови како и да ја менуваат траекторијата на зададената патека. Со следење на нивните чекори, истражувачите дознаа што им го задржува најмногу вниманието на испитаниците. Учесниците потоа пополнија прашалник за нивното искуство.

7

1

По сумирање на податоците, истражувачите откриле дека волонтерите оделе побавно и дека пулсот им се зголемувал кога се движеле во непосредна близина на одредена вегетација во нивниот урбан амбиент. Тие, исто така ја менувале и постурата на телото, гледајќи напред и наоколу, наместо кон земјата. Иако додавањето и одземањето на боја не предизвикувало суштинска разлика за нив, сепак тие биле пољубопитни и повнимателни кога шарените обрасци биле додадени на земјата на која се движеле, според студијата. Според Ивон Турел, професорка по когнитивна психологија на универзитетот и автор на оваа студија, резултатите покажале дека целокупното урбано искуство било попријатно, по направените просторни интервенции.

Истражувањето, „Frontiers in Virtual Reality“, сугерира дека правењето некои мали измени во градот го зајакнува моралот и влијае позитивно на нивното психичко здравје, дури и кога искуствата ги доживуваат преку виртуелната реалност. „Сметаме дека варијациите во човечкото однесување, можат да ги предвидат промените што ќе се добијат во природните поставки“, рече Делевоје-Турел.

 

Михал Матлон, психолог и консултант за архитектура, за истоимената студија, ќе рече: „Мислам дека иако повеќето луѓе ја ценат природата во градовите – тие ја сметаат за убава и обично бурно реагираат кога ќе им биде одземена. Ние често имаме тенденција да ги потценуваме позитивните ефекти што може да ги има збогатувањето на зелениот фонд во централните градски подрачја“.

Матлон рече дека дури и најмалите промени, како што е прикажано во студијата, можат да влијае полезно на искуството на една единствена индивидуа на патот кон работа, на пример. Наодите се дел од растечкото истражување за ресторативните ефекти на вегетацијата и бојата во урбаните средини.

Сепак, Штефен Леман, професор по архитектура на Универзитетот во Невада, кој не беше вклучен во студијата, го истакна својот скептицизам за тоа дали VR симулацијата може да биде соодветен метод за испитување на предметната теза.„Не е особено корисно да се изгради научен аргумент за дихотомијата „бетон наспроти вегетација“, рече тој. „Ова прашање бара подиференцирана и сеопфатна дискусија“.

8

10

Според Делевоје-Турел користењето на VR за спроведување на студијата е од фундаментално значење за експериментот бидејќи тестирањето на елементите во реални средини би значело многу мала контрола на одвлекувањата што ги доживуваат учесниците, како што се бучавата, сообраќајот или временските промени.„Ги достигнавме технолошките капацитети за да создадеме виртуелна средина која нуди слични искуства, за разлика од природните поставки“, изјави Турел.

Во идните истражувања, таа додаде дека ќе се работи и на одмерување на физиолошките промени на испитаниците, и ќе се испитуваат повеќе параметри преку додавање на мириси и звуци за да се креираат повеќесензорни и пореални средини, со цел посоодветно тестирање на природните поставки и за решавање на горливите социјални феномени во урбаните средини.

9

Испрати коментар

Scroll To Top