Сите ние се движиме во различни ситуации со различна логика, со понекогаш нејасни граници, во кои мора да соработуваме. Во суштина треба заеднички да ја препознаеме природата на нашето опкружување и какви вредносни системи го обликуваат. Само на тој начин ќе можеме да дефинираме како ќе ги решаваме конфликтите што би се појавиле, ќе им доделиме особености на соучесниците и нивните постапки, се со цел да изградиме компромис доколку ни е во интерес добробитот на заедницата.
Тенденцијата на неолиберализмот може да се опише како последователна инвазија на други градови од вредностите на трговскиот град, кој ја организираат својата сфера на дејствување, особено експанзивна во последниот половина век, заснована на врвната вредност на конкуренцијата меѓу оние кои својата корист ја бараат на пазарот. Така, се нагризуваат темелите на граѓанскиот град, чии вредности се оние на солидарноста или еднаквоста, или оние на инспиративниот град, кој не е населен само со уметници, зачудени од необичното, страста, спонтаноста.
Неуморното дело на Андрес Переа во неговата професионална, педагошка и интелектуална кариера се состои токму во тоа да биде практичен за онаа бурна пловидба за која ниту едно пристаниште не нуди засолниште, бидејќи има само океан и понеизвесен океан. Но, тој, исто така, се обиде, со сите средства, и непрестајно иновативни методи и препораки, на десетици групи студенти по архитектура кои поминале низ училниците каде што предавал, сами или во друштво со други, не забораваат на оваа потреба да работа во и од таа напнатост: неизвесноста и двосмисленоста на оние кои мора да го населат инспирираниот град.
Бидејќи комплексноста и неизвесноста, на кои Андрес Переа толку пати се повикува во неговите предавања се радикален дел од современоста. Затоа во повеќекратните вредносни поредоци, кои се во постојана нерамнотежа, за нив често Переа ќе каже: повикани сме да воведеме осми еколошки град. Не оној што се темели на постулатите на енергетската ефикасност или на циркуларната економија, или заштитата на природното наследство. Според него потребно е да излеземе од „класичните идеи“ на екологијата, зошто политичката екологија не зборува за природата и никогаш не се обидела. Таа се занимава единствено со нејзините сложени облици: регулативи, апарати, потрошувачи, институции, обичаи, кои е тотално излишно да се вклучат во нечовечка и аисториска природа.
Овој град е дефиниран токму со неговата способност да се справи со несигурноста и сложеноста, да ги држи дефинициите отворени и никогаш да не ги зема здраво за готово дистинкцијата на луѓе и нелуѓе кои ја сочинуваат таа неразделна рамка на природата и општеството. Затоа, бара радикално проширување на опсегот на чинители и знаење во процесот на градоградењето.
Ако случајно постои град во кој Андрес Переа е одличен, тоа е градот на случувањата. Архитектите мора да ги читаат проектите на малку поинаков начин отколку што обично се прави во оваа професија. Сепак, верувам дека социјалната, политичката и моралната природа на архитектонските проекти организирани во едно градско ткиво, постепено ги доловува просторите кои се веќе претходно дефинирани од зададениот тек на индустријата и економијата. Што се вреднува во овој режим на дејствување, кој би управувал со проширувањето на мрежите и ширењето на врските, во рамките на активните проекти? Кои квалитети ќе се земат во предвид? Сепак најмногу ќе се внимава на функционалноста, флексибилноста, поврзаноста со контекстот и желбата да се биде интегриран.
Иако сите суштества се обдарени со способност да стапат во релација и на тој начин претставуваат групација во урбаната мрежа, некои од нив го занемаруваат овој потенцијал. Тие ја поседуваат уметноста на помирување спротивности и тие знаат како да се здружат и да направат многу различни битија да комуницираат меѓусебно.
Како одговорен или зачетник на многу различни иницијативи, Андрес Переа отсекогаш повикувал на сестраност и на промоција на интелектуалци со различни позадини, во контекст, но и надвор од архитектурата. Но, исто така и во други области кои не се наставни, како што се оние поврзани со иновациите на материјалите што се користат во градежништвото.
И ако практичарите обично се робови, на идеите на некој економист, врз чија основа ја обликуваат сликата за себе, нивните проценки и вредности, архитектите ја оценуваат сопствената и работата на другите (ја оправдуваат или критикуваат), на мошне, комплексен и варијабилен, често конфликтен и политички јазик кој несомнено се рефлектира врз структурата на урбаното ткиво.