Насловна / Арт и дизајн / Вавилон конечно на листата на УНЕСКО

Вавилон конечно на листата на УНЕСКО

Древниот месопотамиски град Вавилон е ставен на листата светско културно наследство на УНЕСКО на неодамна одржаниот состанок на Комитетот во Баку. Вавилон, кој денес е археолошко наоѓалиште е шеста локација на територијата на Ирак која е ставена на оваа листа. Со ова е успешно завршено повеќегодишното лобирање на Ирак.

1
Претседателот на Ирак, Бахрам Салих, изјави дека Вавилон се врати на местото кое му припаѓа „откако ирачките челници со години го занемаруваа ова прашање“.
Премиерот Адел Абдул Махди ја поздрави оваа вест и вели: „Месопотамија е вистински темел на сеќавањето на човештвото и колевка на цивилизацијата“. Махди додава дека владата донирала додатни сретства за конзервација на археолошкото наоѓалиште на реката Еуфрат.
Вавилон е древен, уништен град во Месопотамији, основан уште во четртиот милениум п.н.е. Се наоѓа на околу 88 километри јужно од Багдад и некогаш бил центар на моќни царства. За време на Вавилонското царство бил еден од најстарите и најпознатите културни, политички и трговски центри во античкиот свет.

вав
Иако Вавилон има богата историја преполна со палати и храмови, малку од тоа денес може да се види, а и тоа што е останато претрпело голема штета.
Поранешниот претседател на Ирак, Садам Хусеин, изградил реплика на палатата.
За време на војната американската војска Вавилон го користела како воено складиште две години, со своите возила ги искршила древните плочници стари 2.600 години и полнеле вреќи со песок со земја полна со древни фрагменти, а краделе и артефакти и покрај противењето на археолозите.

берлин

Порта Иштар, музеј Пергамон, Берлин

Денес Вавилон има остатоци од ѕидови. Европските сили одамно го украле она најдоброто, па така добро сочувана и реконструираната, главната капија на градот, Портата Иштар од 6 век п.н.е., висока 47 метри се наоѓа во музејот Пергамон во Берлин уште од Првата светска војна. Сочувани се и осум порти во внатрешноста на градот и некои скулптури како Вавилонскиот лав.
Остатоците од градот зафаќаат површина од десет квадратни километри.

Испрати коментар

Scroll To Top