Компанијата Vattenfall ќе ја користи електричната енергија од ветерните електрани и соларни паркови за да генерира и складишти топлинска енергија во Амстердам. Акумулаторот ќе има капацитет од 150MW и ќе биде најголем во Европа, а треба да биде пуштен во работа во 2024 година. Холандија му издала дозвола и му одобрила субвенции на Vattenfall за овој проект, од својот механизам SDE++. Постројката ќе се гради во општината Димен во Амстердам. Холандската програма SDE++, субвенционира технологии за обновлива енергија, но и други технологии кои овозможуваат редукција на емисиите на стакленички гасови. За акумулаторот на топлина во Амстердам е предвидено да загрева вода и да ја дистрибуира до домаќинствата и компаниите или да ја чува. Компанијата тврди дека ефикасноста на оваа постројка ќе биде 99,9% .
Vattenfall очекува во почетокот да покрива 15% од потребите за топлинска енергија во областа на Амстердам со помош на електрична енергија од обновливи извори. Понатаму, овој удел ќе се зголемува имајќи го во порастот на постројки на обновливи извори во Холандија. Во 2019 година, компанијата изградила ваков систем со капацитет од 120MW во својот погон Reuter West во Берлин и го приклучила на топлификациската мрежа.