На овогодишната Меѓународна изложба за архитектура во Венеција, свој павилјон ќе има и Ватикан.
Претставниците на Католичката град-држава му ја довериле задачата на италијанскиот куратор и архитектонски историчар Франческо Дал Ko да избере десет архитекти од десет земји да дизајнираат десет капели за павилјонот во Венеција.
Капелите мораат да бидат дизајнирани така што ќе можат истите да се расклопуваат и составуваат на нови локации, бидејќи Ватикан планира да ги дислоцира на места каде што постои недостаток од верски објекти, пишува парагвајскиот ABC.
Ова е листата на десет избрани архитекти:
• Andrew Berman, САД
• Carla Juaçaba, БРАЗИЛ
• Eduardo Souto de Moura, ПОРТУГАЛ
• Eva Prats & Ricardo Flores, ШПАНИЈА
• Francesco Cellini, ИТАЛИЈА
• Javier Corvalán, ПАРАГВАЈ
• Norman Foster, ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО
• Sean Godsell, АВСТРАЛИЈА
• Teronobu Fujimori,
• Смиљан Радиќ, ЧИЛЕ
• Теронобу Фуџимори, ЈАПОНИЈА
Иако ова е прво официјално појавување на Ватикан на Меѓународната изложба на архитектура, тие се всушност прв пат се појавиле во Венеција во 2013 година на Биеналето посветено на уметноста.