Насловна / Архитектура / Васту, фенг шуи, геомантија… (1)

Васту, фенг шуи, геомантија… (1)

Глобален проблем на светот денес е нарушувањето на природната средина, која е резултат на големиот индустриски и технолошки развој во 20 век. Сè поголем број архитекти, инженери, екологисти, луѓе со различни професии, на разни страни во светот, бараат решение за овој проблем. Направените грешки во минатото сите ги „плаќаме“ сега. Нивното санирање е неопходно и ургентно. Како да се живее здраво во согласност со природата? Како да се подобри животниот простор?1. Vitruvij

Решавањето на овој проблем се насочува кон пронаоѓање на природни извори на обновлива енергија, кон сонцето, ветерот, дождот, но и кон проучување на универзалните закони на природата, и кон сè поголемиот интерес за знаењата на древните народи за природата, космосот, архитектурата…

При посетата на старите споменици на архитектурата, каде било во светот, многу од нас почувствувале некоја посебна енергија, хармонија, склад… Се прашуваме која е тајната на овие стари градби? Можеби одговорот е сосем едноставен, а тајната е скриена во нив. А тоа е, дека сите тие се изградени во совршена согласност со универзалните закони на природата.

Се забележува дека во основите на древните архитектонски стилови на индискиот васту, кинескиот фенг шуи, европската геомантија, на градбите на стариот средноамерикански народ на Маите, лежат истите универзални закони на природата, кои древните мајстори ги познавале добро. Различни култури, развиени на различни точки на земјата, делеле слични вредности, слични знаења за животот и градбата во хармонија со природата.

Најстарите познати записи за архитектонски дисциплини базирани на универзалните закони на природата, се наоѓаат во индиските Веди, во списи за Васту, од пред 5000 години. Овие древни знаења, најсочувани ги сретнуваме кај далекоисточните земји, како Индија и Кина.

2. Vitruvjanski covek

Витрувиј

Интересно е дека славниот римски архитект Витрувиј (1 век пр.н.е.) ги познавал древните индиски списи за Васту. Доказот е во неговото легендарно дело „Десет книги за архитектура“ („De architectura libri decem“), позната и како „За архитектурата“, кое е единствено сочувано дело за архитектурата од антиката, а чиј редослед точно одговара на Manasara*, класичен запис на индискиот Васту. Витрувиј живеел пред повеќе од 2000 години. Во основата на неговите ставови лежи идејата за универзалното објективно значење на нумеричката закономерност и пропорционалните соодноси во структурата на вселената и на човекот, кои треба да се следат при изградбата на објекти и машини. Подоцна ова дело станало инспирација на ренесансната, барокната и неокласичната архитектура.

Витрувиј е автор на систем на пропорции, прифатени во визуелната уметност и архитектура („Vtruvian Man“ познатата скица изработена околу 1490 година, од Леонардо да Винчи).

3a. Andrea Paladio Андреа Паладио

Многу векови подоцна, Витрувиј го инспирирал познатиот италијански архитект Андреа Паладиo (Andrea Palladio,1508 – 1580). Во неговите фирентински палати, во  познатата архитектура на ренесансата, можат да се најдат и начелата на Васту. Тој проектирал многубројни вили, цркви и палати во Венеција и во Виченца. Неговите дела, како споменици на светското наследство, денеска се под заштита на УНЕСКО. Во 1570 година објавил трактат „Четири книги за архитектурата“, кои ги продолжуваат идеите на Витрувиј.

 

4. Andrea Paladio, Vila Rotonda

Идеи базирани на класично – римски примери на архитектура, основана на прецизни точни геометриски пропорции и универзалните закони на природата, кои доминирале во европската архитектура во следните три века. Создале паладијански стил кој бил посебно популарен во почетокот на 18 век во Англија и Ирска. Меѓу познатите англиски архитекти, следбеници на овој стил биле Иниго Џонс (Inigo Jones 1573-1652), Кристофер Рен (Christopher Wren 1632- 1723), како и првата жена архитект Елизабет Вилбрахам (Elizabeth Wilbraham 1632-1705). Влијанието на Паладио се раширило дури до Северна Америка, каде станал популарен во 18 век. Меѓу архитектите што го сакале овој стил, е и третиот американски претседател Томас Џеферсон (Thomas Jefferson 1743-1826), чии интереси и знаења биле разновидни (архитектура, археологија, агрономија, палеонтологија, писателство). Меѓу неговите проекти се универзитетот во Вирџинија, сопстевениот дом на имотот во Монтичело во Вирџинија и други. Интересно е дека и Белата куќа во Вашингтон е дизајнирана во малку изменет паладијански стил.

4b

Santa Maria della Salute во Венеција

Андреа Паладио често се опишува како еден од највлијателните и најпознатите копирани архитекти во западната цивилизација по средниот век. Со неговите идеи за прецизни, точни геометриски пропорции и универзалните закони на природата, ја трансформирал архитектурата не само за време на неговиот живот. Неговото влијание продолжува до денес.

6. White House VasingtonБелата куќа во Вашингтон

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Имотот во Монтичело на Томас Џеферсон

ВАСТУ – древни индиски знаења за архитектурата

7. Vastu_Shastra.jpgВасту Шастра

Знаењето за Васту, древна уметност на градење во склад со универзалните закони на природата, доаѓа од Индија. Васту е традиционален систем за дизајн кој главно се применувал во архитектурата, посебно во изградбата на Хинду храмовите.  Опфаќа пет области: поезија, музика, танц, скулптура и архитектура, регулирани во науките за енергија и материја, простор и време, и ритам и форма.

Хинду митологијата за предок на оваа древна наука и технологија го смета митскиот мудрец Mamuni Mayan (околу 10 000 год. пр.н.е.) голем научник и уметник, со потекло од легендарното кралство Кумари Кандам (Kumari Kandam), на Лемурија (Lemurian Continent). Континент кој според митологијата (не и науката) постоел во Јужниот Океан, подолу од Индија а бил потопен со топењето на поларниот лед.8. Angkor_Wat Temple Complex

Храмот Angkor Wat

Но најстарите записи, кои претставуваат основни извори за овој традиционален Хинду систем се трактатите на древните мудреци на Васту Шастра, Васту Веда и Спахатја Веда. Зборот „Веда“ значи потполно знаење. Ведите се најстарите записи за древната индиска историја, филозофија и култура. Пред 5000 години, големиот мудрец Srila Vjasadeva составил четири Веди, кои содржат милиони стихови. Изворната Веда, според верувањата, ја изговорил Бог пред многу милијарди години, во време на материјалното создавање. Според ведската историја на светот, до пред 5000 години книги не биле потребни, бидејќи луѓето можеле да запаметат сè што ќе чујат во животот. Книгите станале неопходни на почетокот на железното доба (пред 5000 години), кога паметењето кај луѓето почнало да слабее. Во тој период биле напишани и Ведите. Суштината на Ведите е да ги подучуваат луѓето за полесен духовен развој и подобрување на нивните материјални потреби.

Васту на санскрит значи „природа и околина“. Тоа е знаење како бесконечната енергија Васту (Vastu) се претвора во материја или форма Ваасту (Vaastu).

 9. Vastu arhitektura

Васту архитектура                                              

Што е Васту Шастра ?

Тоа е знаење и уметност за архитектура, за проектирање на објекти во хармонија со универзалните закони на природата. Наука за времето и просторот, вибрациите и ритамот, пропорциите и формите. На основа на тие знаења се формираат законите на музиката, поезијата, танцот, песните, скулптурата и архитектурата. Целта на овие древни знаења била да се исполни животот на луѓето со убавина, сила, здравје, со радост и изобилство на долг период. Да се подобри средината што нè опкружува со помош на благопријатна природна енергија, која се создава со урамнотежување на петте првоелементи. Васту Шастра, покрај тоа што е наука за архитектура, може да се нарече и наука за енергија. Космичките енергии се претвораат во енергии кои даваат материјална корист за жителите во Васту структурите и на некој начин теоријата на Ајнштајн за еднаквост на масата и енергијата (E=mc²)  {\displaystyle E=mc^{2}}{\displaystyle E=mc^{2}}се рефлектира во оваа стара наука. Воспоставува рамнотежа помеѓу космичките енергии и луѓето што живеат во одреден простор. Васту создава ритам и баланс во една зграда или во изгледот на градот, за да обезбеди квалитетно подобрување на животот на неговите жители.

Традицијата на Васту во Индија се одржала до денешен ден и моментално нуди најтемелно старо знаење за архитектурата поврзана со човекот. Васту куќата се смета за микрокосмос во кој се содржани сите енергии и сили кои дејствуваат во космосот. Во нашата околина се наоѓаат изразити позитивни и многу негативни влијанија. Бидејќи секоја личност е единствена, обликувањето на станбениот простор е индивидуално. Зграда со исправен распоред, според Васту, може да спречи разни негативни влијанија и да создаде животен простор кој своите станари ги носи во состојба на рамнотежа, и дава позитивен пристап кон материјалните и духовните енергии. Безвременските природни закони мора да се применат за секоја личност посебно, за да се создаде простор во резонанса со природата и нејзините жители. Васту е интегрално поимање на архитектурата на база на универзалните природни закони. Веќе илјадници години, куќи, храмови и цели градови се градат во склад со Васту. Куќата се смета за тело на нашето тело. А квалитетот на животниот простор влијае на здравјето, на психата и емоционалната стабилност на луѓето.

* Manasara и Mayamata се стандардни текстови на Васту Шастра, кои ги кодифицираат теоретските аспекти на сите видови објекти, конкретно на изградбата на храмови. Се занимаваат со цел спектар теми на архитектонската наука, како теми за тестирање на земјиштето, мерките, пропорциите… но и со  астрологија и обреди поврзани со изградба на објекти.

Испрати коментар

Scroll To Top