Насловна / Вести / Vast и SpaceX планираат лансирање на приватна вселенска станица

Vast и SpaceX планираат лансирање на приватна вселенска станица

Vast, стартап кој ја има поддршката на криптовалутниот милијардер Jed McCaleb, има намера да лансира во орбитата вселенска станица со големина на автобус, до крајот на 2025 година, во партнерство со компанијата SpaceX, во сопственост на Илон Маск. Вселенското летало наречено Haven-1, е најнова платформа проектирана како замена за Меѓународната вселенска станица (ISS), две децении старата орбитална истражувачка лабораторија со која управуваат САД, Русија и Европската вселенска агенција. Се очекува ISS да престане со работа во 2030 година, а американската вселенска агенција NASA, сака комерцијални вселенски станици да ја заменат ISS.

vast1

Ниту една приватна компанија не изградила и не лансирала вселенска станица. ISS, ги чинел земјите учеснички во проектот повеќе од 100 милијарди долари заедно. Стартапот Vast, основан е во 2021 година и планира да лансира четиричлен екипаж на Haven-1 во едномесечна истражувачка мисија, брзо по распоредувањето. Haven-1 би бил лансиран со ракетата Falcon 9 на SpaceX.

vast2

 

Испрати коментар

Scroll To Top