Насловна / Вести / Вашингтон ги предупредува западните фирми кои вложуваат во гасоводот Северен ток 2

Вашингтон ги предупредува западните фирми кои вложуваат во гасоводот Северен ток 2

Вашингтон повторно ги предупреди западните компании кои вложуваат во рускиот гасовод Северен ток 2 кон Германија, дека ризикуваат воведување на санкции, тврдејќи дека Москва го корсити овој проект за да ја подели Европа. „ Ние јасно ставивме до знаење дека компаниите кои работат на проектот на риускиот гасовод се ангажирани во бизнис кој носи ризик од санкции“ изјавил портпаролот на Стејт Департментот за Ројтерс. „Ние веруваме дека овој гасовод ќе ја загрози вкупната енергетска сигурност и стабилност на Европа со тоа што на Русија ќе и се даде инструмент на политичка принуда. Русија знае дека тој проект ја дели Европа и тоа го користи за себе“, додал тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Германија дека е „заробеник“ на Русија поради својата енергетска зависност и поддршката на планот да се удвои капацитетот на гасоводот Северен ток кој оди под Балтичко море до Германија, со што ќе се заобиколи Украина.

NorthStream1

NorthStream2

NorthStream3

Испрати коментар

Scroll To Top