Насловна / Архитектура / Varso Tower: Најголемиот облакодер во ЕУ, ќе биде во Полска

Varso Tower: Најголемиот облакодер во ЕУ, ќе биде во Полска

Комплексот кој сеуште е во изградба во Варшава, се состои од три згради, меѓу кои највисоката има 310 метри. Со тоа, таа ќе стане највисоката зграда во ЕУ, штом ќе биде завршена во 2021 година. Попрецизно, оваа зграда е незначително повисока од London Shard  и повеќе од 50 метри повисока од Commerzbank Tower во Германија. Новата кула ќе доминира со панорамата на Варшава, наместо зградата од времето на социјализмот, т.н Палата на културата и науката со височина од 237 метри, која беше највисока зграда во Полска.

Кулата ќе има 53 ката, и ќе содржи деловен прсостор, хотел, ресторани и шопинг центар. Изградбата почнала во декември 2016 година, а се очекува да заврши во 2021. Инвестицијата вреди околу 500 милиони евра. Автор на проектот е светски познатото архитектонско студио Foster + Partners. Објектот е проектиран и се изведува според највисоките стандарди за енергетска ефикасност и заштита на животната средина и ќе биде првиот објект во Полска со BREEAM сертификација.

varso1

varso2

varso3

varso4

varso5

 

Испрати коментар

Scroll To Top