Насловна / Вести / Варшава: Десетици илјади граѓани во Маршот против Зелениот договор

Варшава: Десетици илјади граѓани во Маршот против Зелениот договор

Неколку десетици илјади полски земјоделци и работници се собрале во Варшава на повик на синдикатот „Солидарност“ и опозицијата во т.н „Марш против Зелениот договор и климатските цели на ЕУ“, барајќи нивно итно укинување. Демонстрантите тргнале од центарот на градот кон зградата на парламентот, каде птретходно се собрала друга група земјоделци со барање да бидат примени од премиерот. Лидерот на „Солидарност“, Пјотр Дуда предал петиција во претставништвото на Европската Комисија во која се бара ЕУ да се откаже од „зелениот договор“, а истата петиција е доставена и до полскиот парламент.

„Тоа е лудило индуцирано од Европа во нашата земја. Станува збор за климатско лудило. Зелениот договор треба да служи како средство со кое земјите како Полска ќе назадуваат“, рекол лидерот на опозицијата Качински. Тој ја обвинил владата и премиерот лично, за предавство на полските национални интереси. Од друга страна пак, полските медиуми потсетуваат дека во времето на усвојувањето на „Зелениот договор“, владата во Полска била предводена токму од Качински и го поддржала овој стратешки документ.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top