Насловна / Вести / „Вардарградба“ ќе го догради училиштето „Живко Брајковски“

„Вардарградба“ ќе го догради училиштето „Живко Брајковски“

skolo-vo-butel-brajovski_resize

Во општина Бутел, градежната компанија „Вардарградба“ ДОО Скопје  ќе го доградува училиштето „Живко Брајковски“ (втора фаза). Оваа фирма беше прворангирана од вкупно седум пријавени на тендерот што општина Бутел го распиша според упатство на Светска банка. Отворањето на понудите беше на 1.9.2014, во присуство на претставници на понудувачите и претставник од Проектната единица при Министерството за финансии, од причина што станува збор за кредитно финансирање од Светска банка преку проектот за подобрување на општинските услуги.
„Вардарградба“ ДОО Скопје е избран како најповолен понудувач, бидејќи имаше најниска понудена вредност за изведување на работите за изградба (втора фаза) на ОУ „Живко Брајковски“ односно, за комплетно завршување на училишната зграда и партерно уредување, во износ од 66 милиони денари или еден милион евра. Рокот за извршување на работите е 9 месеци.

Испрати коментар

Scroll To Top